Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови во државава

Од:

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови во државава, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на означување на почеток на доградба на основното училишта „Блаже Конески“ во Скопје.

Покрај двата студентски дома во Скопје ќе се реконстрираат и останатите домови низ државата.

– Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, не само во Скопје, туку и во другите градови каде што имаме универзитетски кампуси, центри. Осумнаесет милиони евра ќе бидат вложени во реконструкција на двата студентски дома во Скопје, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“. Но, исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата, така што и тоа е едно од оние ветувања коишто ги ветивме за студентите и младите, изјави премиерот.

Во двата студентски дома, како што посочи е почната реконструкцијата, се изведуваат електрични инсталации и тој очекува во следниот период да биде завршена.

Во државата има повеќе студентски домoви во неколку града, Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски