Мицкоски: Потребни се разум и разбирање, треба да се стави крај на омразата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, Г.Г. Стефан по повод Бадник и Божик.

„Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и на сите православни верници од Македонија и дијаспората да го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божиќ. Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сила и да ги надвладееме искушенијата и суетите, зошто Божиќ е празник на мирот, празник на слогата и единството.

Да се победат предрасудите, да бидеме човечни и хумани, праведни и солидарни, а заемното помагање и почитување треба да биде наша водилка, наш белег и заедничка заложба.

Единството, разбирањето и почитта треба да се дел од секоја наша одлука, нашата држава да оди напред и да не заглавува во лавиринтот на одмаздата и реваншизмот, работи кои нè враќаат назад, создаваат немир и поделби.

Да се стави крај на омразата, да излезе државата од стагнацијата и застојот, потребен е разум и меѓусебно почитување, да постои наптревар во правење на добри дела за граѓаните.

Бог нека биде со нас во секој момент во животот, при секоја среќа, радост, тага или болка. Нека Бог биде со Македонија, за заеднички да напредуваме и да се радуваме“, стои во честитката.

Мицкоски упати честитка и до Емил Заев, претседателот на Евангелистичко-методистичката црква.

„На сите верници им посакувам овој празник да го прослават во духот на мирот и заедништвото, во молитва да ја разбудиме бескрајната љубов, почитта и спокојот. Евангелско – методистичката црква има свој придонес во афирмирање на овие духовни вредности осветлувајќи им го патот на многу верници. Меѓусебно да се почитуваме, толерираме и помагаме, бидејќи тие се вредностите кои треба да ги негуваме и шириме, како во семејствата, така и во нашето општество и во нашата Република Македонија. Заедништвото треба да биде позитивниот пример кој треба да се следи и да се вреднува“, пишува во честитката.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст