Мицкоски: Постои сомнеж за можен фалсификат на претстојните избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба во Загреб со премиерот на Република Хрватска и претседател на сестринската партија ХДЗ Андреј Пленковиќ.

На средбата Мицкоски и Пленковиќ разговарале за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија.  Мицкоски, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, го запознал Пленковиќ за корупцијата и криминалот, како и затоа дека, како што наведоа од партијата „Македонија е заробена држава каде што се тргувува со правото и правдата од страна на актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев“.

„Го запознав со состојбите во Република Македонија при што ја пренесов мојата загриженост поради растечката корупција, криминал и заробена држава, трговијата со правото и правната држава, назадувањето на евро интеграции, како и отворениот сомнеж за можен фалсификат на претстојните избори,“ вели Мицкоски.

Двајцата соговорници нотираа дека оваа средба била добра за да се разменат искуствата и да се интензивира меѓусебната соработка помеѓу двете земји, како и добрата соработка меѓу двете сестрински партии и подготвеноста дополнително истата да се продлабочува во периодот што следи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори