Мицкоски: Постапката на владата на Заев за бришење на термините Македонија и АСНОМ е срамна и фашизоидна

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека е неприфатлива забраната на терминот Македонија и АСНОМ од министерот за правда Бојан Маричиќ. Истакна дека таквата постапка на власта е фашизоидна и срамна, истата претставува понижување на македонскиот народ и граѓаните во Македонија, како и дека земјава со ваква власт служи за потсмев.

„Го напишав јас тоа во еден мој статус на социјалните медиуми. Знаевме дека цензурираат, знаевме дека опструираат, но не знаевме дека се фашизоидни, но треба да не го потценуваат народот и не треба да потценуваат тоа што следи, а следи пораз, дебакл и одговорност за овие луѓе. Така што јас кога би бил на нивно место би бил сериозно загрижен за постапките кои што ги прават по диктат на Зоран Заев, така што тоа што го прави Зоран Заев преку Бојан Маричиќ навистина преставува еден дебакл на отворена сцена, понижување на македонскиот народ на граѓаните во Македонија без разлика на нивната различна етничка припадност и понижување и омаловажување на самата Македонија како држава. Служиме за потсмев “ – истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар