Мицкоски: Поскапување на струјата ќе има зошто Владата ги краде граѓаните

Од:

Поскапувањето на струјата ќе биде зашто крадат. Не работат, туку крадат. Е затоа ќе има поскапување на струјата. И затоа реков дека тие капитулираа пред енергетската криза. Често ми го поставуваат тоа прашање, добро што требаше да направат. Многу едноставно, требаше да ги подготват акумулациите, да има доволно вода во акумулациите и плански да ги трошат. Требаше да ги подготват ископите во рудниците за да има откриен доволно јаглен пет години однапред. Или пак потенцијал за да се открие јаглен пет години однапред. Требаше да продолжат со модернизацијата, требаше да направат ремонт на производните постројки. И така подготвени тие производни постројки ќе произведуваа еве не мора како што сме правеле некогаш 6 ипол или 6.600, 6.700 терават часови електрична енергија. Еве 5 нека произведуваат. Тоа е за 80% повеќе од тоа што го произведува ЕСМ сега или поранешно ЕЛЕМ, а тоа е некаде околу 3 терават на час вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако власта произведеше 5 терават на час, тогаш ќе имаше два милиони мегават часови повеќе.

„ Замислете ако они произведоа 5 терават на час, тоа е два милиони мегават часови . Ако на берзите цената сега е 250 евра, тоа се половина милијарда евра плус. Половина милијарда евра повеќе за граѓаните, половина милијарда евра повеќе за компаниите, и колку толку ќе им помогне во енергетската криза и немаше од буџетот сега да трансферираме средства за да ја спасиме ликвидноста на денешно ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде ако власта размислуваше за доброто на граѓаните и произведеше доволно електрична енергија, тогаш половина милијарда евра ќе останеа во буџетот и ќе имаше пари и за капитални проекти, за повисоки плати, за реформи.

„Но, за жал некој наместо да работи, тој краде. И затоа струјата ќе поскапи. Јас говорев уште од 2018-та година дека до ова ќе дојде. Енергетиката не е купи ден, продај, и не служи за дневно политички цели. Во енергетиката се планира пет или десет година однапред“, заклучи Мицкоски.

Мицкоски укажа дека за жал власта наместо да мисли однапред во енергетиката, таа единствено ги брои багерите со регистарски таблици во еден град од југоисточна Македонија. И годината за жал наместо да трае 365 дена, таа трае 450-500 дена според доставените фактури.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра