(ВИДЕО) Мицкоски: Победуваме и веднаш бараме предвремени парламентарни избори

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на промоцијата на кандидатите за градоначалници, најави голема победа на локалните избори, промени и нова ера. Тој повика на сплотеност за остварување на овие цели и за победа на како што рече „неспособната власт од СДСМ“.

-На 15 октомври победуваме, а на 16 октомври бараме предвремени парламентарни избори, рече Мицковски.

-Ќе кажеме дека имаме план за новата ера. Конкретна програма, прецизно и одмерено ветуваме, секој проект е решение кое е потребно на граѓаните. Образованието е најважен темел и затоа ќе изградиме 331 училиште, повеќе од 135 градинки, рече Мицкоски. Тој најави и изградба на повеќе од 220 зелени површини, 412 проекти за канализациони системи, изградба на 308 проекти за водоводни проекти и мрежи.

Мицковски пред полната сала рече дека подобрување во Македонија може да гарантира само ДПМНЕ со конкретната програма која ја имаат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он