Мицкоски по повод Националниот ден на Власите: Власите низ историјата имаат огромен придонес во градењето на државата

Од:

„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на влашката етничка заедница во Македонија да им го честитам празникот 23 мај – Национален ден на Власите.

23 – мај е ден кога се афирмира влашката култура и традиција и нивното вековно постоење во нашата заедница.

Влашката заедница е дел од богата култура и историја во Македонија, но и иднината која заеднички ја градиме. Власите низ историјата имаат огромен придонесе во градењето на заедничката држава и во историската борба за самостојна, независна и демократска Република Македонија.

Нашите заеднички вредности продолжуваат да градат единство, разбирање и хармонија во нашата земја. Овој ден нека биде симбол за нашите заеднички заложби за подобра и посветла иднина на нашата земја“ се вели во соопштението на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар