Мицкоски: Ова е масовно убиство

Од:

Во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа во земјава, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски пред Ургентниот центар Мајка Тереза во Скопје, каде ги посети повредените во катастрофалниот пожар во Кочани. Премиерот нагласи дека самиот овој податок е алармантен и додаде дека и од тие 12 можеби некои не се валидни, со оглед на тоа дека лиценца се вади за една година.

-Вие сега можете да претпоставите колку клубови работат во државата, само 12 поседуваат лиценци и тоа од тие не знаеме кои се сеуште валидни, бидејќи на некои претпоставувам рокот им е изминат, бидејќи тие се со важност од една година, така што не очекува многу работа. Очигледно дека некои не си ја вршел работата и сега се обидува под наводно некаква политизација да ја затскрие криминалната работа што ја работел додека раководел со таа институција. Нема да има милост, тоа вчера го кажав и денеска ќе го повторам, кој сака нека биде. Кој сака нека биде, од која и е да е етничка припадност и од која сака политичка партија нека биде, тоа што се случувало е повеќе од криминал. Ова би рекол е масовно убиство, кое што некој го дозволувал за пари за мито за корупција да се случи, нагласи Мицкоски.

На новинарско прашање дека дискотетката „Пулс“ во која избувна пожарот, во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени, работела веќе 15 години низ кои се менувале повеќе влади и каде ќе се се лоцира одговорноста, Мицкоски одговори дека овој клуб само два пати извадил лиценца во 2021 и 2023 година.

-Цело време работеле или без лиценца, а прашањето е тие што му потпишале во ’21 и ’23 како му потпишале и врз основа на кои елоборати и документи му потпишале во ’24. Видовме како му потпишале, бидејќи на тоа архивско бројче на кое се води оваа фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститори. Тука повторно ќе кажам да им одговорам на оние што прават полноќни прес-конференции. Тука нема политика, ќе одговарате сите кои сте се дрзнале на овој начин да водите политика на грбот на граѓаните и на животите, кои овие деца ги изгубија и нема да има милост. Од дома ќе ги вадиме ако мислат дека ќе се обидат на етничка карта да играат и на политиканство од тие полноќни прес-конференции. Од дома за уши ќе ги вадиме и тоа треба да го знаат, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Министерството за здравство со нови информации за бројот на хоспитализирани пациенти и нивната состојба

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани ќе ги плати Владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Им стоиме на располагање на нашите браќа Македонци, подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе

Горан Наумовски

Авион на грчкото воено воздухопловство вечерва од Скопје ќе пренесе во Атина тројца повредени

ВИДЕО: Драматични снимки од Белград: Пристигнаа уште 12 пациенти повредени во пожарот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Градските гробишта во Кочани ќе се прошируваат, настраданите во дискотеката ќе бидат погребани на посебно место