(ВИДЕО) Мицкоски: Ова е капитулација, мора да има задолжителен референдум

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека ова е тежок ден за Македонија и дека премиерот Заев се обидува поразот да го прикаже како победа. Тој рече дека Заев прифатил капитулација и побара задолжителен референдум.

Мицкоски рече дека нашето право за јазик и националност е нешто што е претходно гарантирано и потпишано во ОН.

– Заев вештачки се смее, се гледа дека ова е пораз, рече Мицкоски.

Тој замери што преговорите се водени во тајност и рече дека ВМРО-ДПМНЕ не биле вклучени. Мицкоски кажа дека денеска имале телефонски разговор и побара да го добие договорот што е можно поскоро.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека владата не е надлежна институција за потпишување на вакви договори, туку тоа треба да го прави претседателот на државата.

– ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав со цел промена на уставното име, рече Мицкоски и напомена дека Заев се обидува шверцерски да го протне во Собрание овој договор.

– Референдумот за името мора да биде задолжителен, а не консултативен, потенцираше Мицкоски.

-Заев најпрво беше против промена на уставот, па прифати географска одредница, потоа за да кажува дека со Илинденска Македонија го потврдувал идентитетот и кажуваше дека друго решение за него не постои. Но како и секогаш, така и сега, излажа. Ова е премногу сериознио прашање и затоа бараме таканаречениот договор кој Зоран Заев има намера да го потпише веднаш да ни го достави, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар