Мицкоски: Општина Аеродром стана првата смарт општина во Македонија

Од:

За мене претставува големо задоволство денешниот ден бидејќи Општина Аеродром покажа и докажа дека кога напорно се работи и посветено се работи може да се постигнат и на локално ниво европски успеси. Како што е почетокот на овој проект, изјави денес Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Жителите на општина Аеродром ќе имаат навистина едно би рекол посебно решение кое што ќе одговара на нивните потреби. И она што е важно како што и самиот проект вели ќе се зголеми транспарентноста, ќе се зголеми отчетноста во однос на тоа каква е навистина животната средина, квалитетот на воздухот, но и истовремено ќе се намалат трошоците кои што во моментот Општина Аеродром и граѓаните на општина Аеродром практично ги плаќаат. И ќе останат повеќе пари и средства за капитални инвестиции. Така што уште еднашка му честитам на градоначалникот Тимчо, на советниците на Советот, на администрацијата за сето она кое што го направија.

Претпоставувам или да бидам попрецизен сигурен сум веќе и градоначалникот и гостинот денеска направија презентација за каква компанија станува збор, дека котира на белгиската берза, дека ќе инвестира девет милиони евра. Практично дека локални партнери се А1 и Ассеко. Така што навистина претставува еден фантастичен проект кој што очекувам да се прошири и во другите општини во Македонија, но од Македонија да го прошириме и во другите држави во регионот.
Така што уште еднашка честитам и нека ни се множат ваков тип на проекти – рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации