Мицкоски: Опозицијата да се вразуми и да работиме заедно

Од:

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево.

Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда.

– Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од оние десет можеме девет и пол да испорачаме, а може и десет, буквално така заклучивме, кои се во грејс-период – изјави Мицкоски.

Еден или два чекори, според него, зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс“ период, а тоа е Изборниот законик.

– Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во Работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. ​Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ, коешто во моментот е раководство на СДСМ, и дека најлесно им е да коленичат наместо да работат. Но, реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Устав, туку има уште многу посуштински работи коишто треба да ги завршиме. Е, ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат таму каде што коленичат, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра