Мицкоски: Од утре контрола во сите кабареа, дискотеки и ноќни клубови

Од:

Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски уште вчера на прес-конференција во Владата најави дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици… Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.

Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Би можело да ве интересира

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Мицкоски: Масовно и обединето да дадеме поддршка за Лабудовиќ и Ѓорѓиевски

Мицкоски: Карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Со Орце Ѓорѓиевски, Скопје ќе има предвидливост и извршување на обврските, порача Мицкоски

Мицкоски: Државава во изминатите година и пол е консолидирана по распадот и пустошот во која беше затекната при преземањето на власта