Мицкоски од Тетово: Време е ДУИ да оди во пензија и во опозиција

Од:

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Тетово се обрати на трибина на тема „Социјални политики против иселување и сиромаштија” која се организираше во рамки на партиската акција „Ова е Македонија за сите“.

Мицкоски го почна говорот велејќи дека за Тетово на национално ниво се зборува тогаш кога има вести од црната хроника, како случајот кога изгоре болницата или кога има некаков инцидент и на тоа многу често се дава етнички предзнак.

-Ваквата слика е креирана од истите оние кои профитираат од таквите случки, кои како реприза ја коваат оваа слика и го плашат народот, а народот пак надвор од стегите на политиката, оној реалниот народ необременет од политички интереси совршено се согласува меѓу себе, затоа што радостите се исти, исто како и нивните страдања кои секој ден стануваат се поголеми. На таквите креатори на погрешната слика сакам да им кажам дека Тетово не е обична приказна од нашето секојдневие, Тетово е крстосница, но и тврдина на нашата култура. Колку и да сакаат некои, поради свои интереси да ја преставуваат погрешната слика за Тетово, имам да порачам дека тетовчани се горди луѓе, луѓе домаќини и дека мојата грижа, мојот завет е подеднаков за овој град како и за сите места во Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската партија се осврна на 9 мај денот кога се случи пресметката во Диво Насеље и каде животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили.

-Им оддавам почит на 8-те припадници на МВР кои ги бранеа тој 9 мај 2015та година Уставот, слободата и суверенитетот на Македонија . И тој мој поклон за нивното дело не давам да се наруши или погани со ниту еден политички пазар за слобода на криминалците и терористите кои го нападнаа мирот, и ги убиваа овие македонски херои. Пазар и политика каква во континуитет се прави над нивната судбина актуелната власт, јас нема да правам. И тоа распродавање и пазар со нивното дело и имиња го прават само за да обезбедат опстојување на коалиција ДУИ-СДС, за само уште некој ден повеќе го крадат народот што е плаќање скапа и нечесна цена. И доста свесно и трезвено треба да се говори дека овие осуммина кои ги положија своите животи тоа го направија за слободата и мирот и за Македонците во Куманово, исто како и за Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците. Тоа беше за слободата на сите, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ кажа дека Диво Насење не им одговара ниту на Македонците, ниту на Албанците.

-Од оваа временска дистанца одговара на големиот брат во владата, ДУИ и неговиот подизведувач СДСМ кои 8 години потоа сакаат да печалат на оваа тема и преку тоа да ја додржат власта. Впрочем и Диво Насеље е последица на естаблишментот на ДУИ. Точно 22 години ДУИ е на власт, 22 години тие не живеат за Албанците, туку живеат од нив. Градејќи кариери на некаков лажен мит, на некаква лажна борба, зад која се кријат лични интерес и на сметка на крадење на народот. .ДУИ 22 години е дел од сите порази на Македонија, од сите афери, сите скандали, од сите патења на народот. И затоа испраќам јасна и недвосмислена порака, тука од заедничкото Тетово, од народот до ДУИ и Али Ахмети: Доста е. До тука беше. Доста крадевте и градите среќа на несреќата на народот. Време е за пензија и опозиција. А тоа народот ќе ви го испорача на избори, истакна Мицкоски.

Тој се осврна на Полошкиот регион и рече дека луѓето се иселуваат.

-Побарајте ја фабриката за автомобили во Тетово кои лани ја најавија. Празна ливада, фабрика нема. Тетово се уште мака мачи со вода за пиење иако е под Шара. Во Шипковица камче не е помрднато од последните поплави. Ниту едно шарпланинско населено место нема канализација, а повеќето немаат ниту пристапен квалитетен пат. Денес сум во Тетово, се помалку народ во населените места. Насмевки веќе нема. Празни маала, празни куќи и станови. И Албанците страдаат подеднакво како Македонците. Луѓето денес се иселуваат не само поради сиромаштијата туку и се повеќе луѓе со добри или просечни примања ја напуштаат земјата затоа што не гледаат надеж, затоа што системот не фукнционира и затоа што го губат мотивот за живот во својата родна грутка поради сета немоќ и неспособност на власта и кликите кои владеат во Македонија. Плачот на мајката Македонка и на мајката Албанка по своите чеда кои си заминуваат еднакво тежи, срцата еднакво се кинат кога гледаат дека децата кои им се се во животот си заминуваат затоа што оваа власт ја краде иднината, рече Мицкоски.

Според лидерот на партијата, ВМРО ДПМНЕ ќе работи да ги врати луѓето кои работат за туѓинци. Рече дека најдобриот одговор за белата чума-иселувањето е економски да се зајакне Македонија, да има ремонт на системот кој не функционира, и да се постават поинакви и високи стандарди за тоа како мора да функционира општеството.

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ

Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата

Горан Наумовски

Мицкоски: Пред партијата е победа на следните претседателски и парламентарни избори

Мицкоски кон Ковачевски: Кога човек е слаб, немоќен и кукавица тогаш за да се прикаже жртва го вовлекува своето семејство

Мицкоски за случајот Пендиков: Политичарите од владата имаат свиткана кичма

(ВИДЕО) Мицкоски: Со овие луѓе во овие институции не само што нема надеж, туку корупцијата и криминалот може само да се продлабочуваат

Горан Наумовски