Мицкоски: Од страна на моќници блиски до власта има злоупотреба на државниот Буџет, преку одредени правни субјекти се врши испумпување на пари од поврат на ДДВ

Од:

„Ние континуирано зборуваме за злоупотреба на државниот Буџет од страна на моќници кои се блиски до политичките партии на власт во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Општина Вевчани.

Тој продолжи и истакна дека аферата за поврат на ДДВ која ја зборувале се потврдила за точна.

„Во минатото зборувавме за една таква афера која понатаму се потврди како точна а тоа е аферата каде се врши поврат на ДДВ во огромна сума на одредени правни субјекти без да се направи контрола на истите потоа магично тие пари се испумпуваат од сметките на тие правни субјекти и магично се менува сопствеништвото на тие правни субјекти се заменуваат со лица кои најчесто доаѓаат од соседството или да бидам попрецизен од Косово и тие правни субјекти се без никаков капитал ниту пак има можност државата да наплати доколку се констатира при надзор дека станува збор за фиктивни фактури“, вели Мицкоски.

Тој посочи дека очекува веднаш по преземањето на Владата голем дел од информациите што ги имаат да се потврдат.

„Станува збор за стотици милиони евра пари кои се крадени од граѓаните на овој начин. Да бидам попрецизен правниот субјект фиктивно книжи побарувања од државата, тие побарувања се во форма на ДДВ без да се направи инспекциски надзор УЈП издава решение за поврат на данок тој данок се враќа, кога се враќа тој данок се испумпува од сметката на правното лице, се менува сопственоста најчесто со лица од Косово и потоа се констатира дека тоа правно лице нема никаков основ за тоа побарување ниту пак било каков капитал за државата да си ги поврати тие пари“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот кој вие од власта го крадете

Горан Наумовски

Мицкоски: Народот се обединува околу промените, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да одговараат криминалците

Горан Наумовски

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот