Мицкоски: Очекуваме поддршка за Сиљановска Давкова од Димитриевски и ЗНАМ, но и од сите други кандидати кои не влегоа во вториот круг

Од:

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за нашиот претседателски кандидат од Максим Димитриевски, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при увидот на градежни активности во Општина Аеродром.

Мицкоски продолжи и додаде:

– Ги повикувам сите гласачи на сите кандидати кои не влегоа во вториот круг да го поддржат идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова затоа што на тој начин Македонија ќе биде повторно ваша, повторно горда, а не понижена ограбена како што е сега. Да одиме напред бидејќи сите одат напред, да не тонеме во политичкото мочуриште кое не влече назад 6 и половина години и да бидеме заробеници на неколкумина кои станаа милионери, а голтари влегоа во политиката“, дециден е Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар