Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

Од:

Новиот државен јавен обвинител кој допрва треба да биде избран треба да ги извади сите случаи кои се држеа во фиока. Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање откри што очекува новиот републички државен јавен обвинител.

-Прво што треба да направи сите оние документи и случаи коишто се држеа во фиока да ги извади и да ги истражи. Таму каде што нема дело и докази да ги затвори, таму каде што има дело и докази да оформи случај и потоа да го испрати да судот, а судот потоа треба да одлучи дали ќе отпочне или нема да отпочне судска постапка. Очекувам да биде заштитник на правото, да биде генератор на правда, правдина и тоа е она што го очекувам од новиот државен јавен обвинител, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Премиерот го обвини Филипче за политичка слабост

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации