Мицкоски: Ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности, ќе си ја вршиме домашната задача

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, а за пораките од таму вели дека не се баш така јасни, но нашата порака е јасна дека ние доволно направивме како ниту една држава во ЕУ.

– Ние ќе продолжиме да промовираме европски вредности, ќе си ја вршиме домашната задача, ако се подготвени да најдеме конструктивно решение и да го продолжиме патот во ред, во секое време сме подготвени позитивно да одговориме на таквото барање, во спротивно можам да заклучам дека ние како држава, Балканот, за жал не сме во во фокусот на оваа администрација на Брисел, изјави премиерот Мицкоски денеска од село Таринци во Општина Карбинци, каде што присуствуваше на поставување камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“.

Тој потенцира дека ние имаме целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и потсети дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, тоа го потпишале со високиот претставник на ЕУ, кој сега не е во новата администрација.

– Реформите ги правиме согласно мониторингот на Европа и така ќе продолжиме. Ние не сме опасност, ние сме под чадорот на ЕУ и бидејќи таму во Брисел има политичари кои одлучија да бидат заложници на политичари кои се уште се со мислите во средниот век, наместо да гледаат кон 21 и 22 век, ние повеќе отстапки немаме намера да правиме додека сме влада. Ако си најдат некоја друга влада тогаш нека си ја донесат, нека прави. Ова влада такви отстапки нема да прави затоа што не е аргументот – тоа е тоа, знаете 27 се така. Тој аргумент не води таму каде што сме денеска, дециден беше премиерот.

Се осврна на тоа, како што рече, што една на друга земја по принципот на Бугарија, а порано во минатото Грција, си ставаат вето. Според него, сега прашањето е дали ако еднаш направите преседан, потоа тој преседан станува пракса. Гледаме, истакна Мицкоски, дека таму тоа станува пракса и ја води ЕУ таму каде што не треба, секој ден некој некому поставува вето и поставува некаков ултиматум и тоа не е добро.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации