(ВИДЕО) Мицкоски: Неприсуството на дел од делегатите на Конгресот е потврда за демократските капацитети на партијата

Од:

„Неприсуството на членови на Извршниот комитет и делегатите на конгресот е потврда на демократските капацитети кои се внатрепатриски во ВМРО-ДПМНЕ. Секој оној делегат кој чувствува потреба и одговорност да биде дел од Конгресот е тука и оној делегат којшто не присуствува исто така го поздравувам и ја почитувам неговата одлука“, изјави Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, кој е единствен кандидат за нов претседател на партијата пред почетокот на вонредниот конгрес што се одржува во Валандово.

Тој рече дека ја почитува одлуката на членовите кои решија да го бојкотираат Конгресот бидејќи станува збор за „исклучителни луѓе, браќа, сопартијци, со кои сме се радувале и тагувале во минатото“. Ова е и општо подадна рака и прегратка кон сите граѓани во Република Македонија, додаде тој.

Во врска со понатамошната соработка со пратеничката група и дали очекува лојалност од нив, Мицкоски вели: „Сведоци сте дека најголемиот дел од луѓето што ја потпишаа Иницијативата за демократизација којашто беше објавена пред некој ден се присутни во салата, така што сигурен сум дека пратеничката група претставува еден од столбовите за идното функционирање на ВМРО-ДПМНЕ. Јас ако бидам избран за претседател, ќе ги потпирам моите политики и на партијата на пратеничката група. Станува збор за луѓе со исклучителен капацитет“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ