Мицкоски: Немам намера да си поднесам оставка и да му помогнам на Заев

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека нема да даде оставка бидејќи со тоа би му направил услуга на СДСМ.

„Збор два за оние иницијативи кои одат исклучиво во корист на СДСМ. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Зоран Заев. Ваквите теми одат само во прилог на оние против кого се бориме“, рече Мицкоски на денешната прес конференција.

Тој рече дека до архивата на партијата нема пристигнато иницијатива за вонреден конгрес.

„Тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и да се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.

Тој најави дека нема да им прогледува низ прсти на оние кои правеле грешки и се збогатиле на грбот на народот.

„За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Зоран Заев, треба да знаат, сега и во иднина, нема да правам компромиси со криминалот“, рече Мицкоски.

Тој оние кои бараат негова оставка ги нарече „појаничарени“ кои поради слабост му станале најдобри другари на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус