• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Мицкоски нема проблем да коалицира со ДУИ во нова Влада

by Кристијан Ландов06/11/2021 - 13:0806/11/2021 - 13:121929
Share0

Во понеделник, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја очекува оставката на Зоран Заев од премиерското, а доколку тоа не се случи, тој најави дека ќе се отпочне со процесот за изгласување на недоверба. Тој посочи дека нема опција за техничка влада, туку само политичка Влада. Според него, се прават притисоци врз 61 пратеник потпишани дека ќе гласаат против владата на СДСМ и ДУИ.

Добивај вести на вибер

„Од она што јас знам дека уште вчера се прават жестоки притисоци врз дел од овие луѓе кои се потпишани на оваа иницијатива. Сега за сега немам информации дека некој се поколебал и излегол од овој документ. Ја очекуваме час поскоро, оставката на Заев. Познавајќи ги методите на оваа власт, ништо не ме чуди“, рече Мицкоски.

Според него, СДСМ и ДУИ нема да имаат легитимитет да ги спроведат евентуалните предвремени парламентарни избори. Прашан дали Африм Гаши останува на ставот дека не треба да има предвремени избори, Мицкоски кажа дека нема разговарано со него за тоа. Тој не може да каже дали ќе има 61 пратеник за формирање на нова влада од ВМРО-ДПМНЕ.

„Немам проблем да бидам во никаква влада во која ќе имаме мнозинство пратеници. Во случајот го имаме со Алијанса и Алтернатива, движењето Беса и мојата цел беше да биде развластен ДУИ. Тоа беше мојата цел. Имамве двојна цела, покрај тоа да го поразиме СДСМ, да го развластиме ДУИ. Како што кажа претседателот на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ ја победи таа партија во неколку општини“; додаде Мицкоски на прашањето дали би коалицирале со ДУИ во нова Влада.

На новинарско прашање, дали е веројатно дека идната Влада ќе биде повторно со ДУИ, имајќи во предвид ставивте на Левица, но и нивната конфротација со албанските партии, Мицкоски рече: „Многу претпоставки кои во јавноста беа вакви или такви, беа погрешни. Не би претпоставувал, не е време за триумфализам. Да работиме тивко, да не ги оптеретуваме граѓаните со нашите политички гимнастики туку да презентираме само јасна слика, да ја презентираме. Многу работи беа невозможни во минатото, но видовте дека тоа се случи. Видовте дека се случи и на локалните избори. Да оставиме времето да покаже која од овие две опции ќе биде реалност. Една од опциите е Влада во која ќе работиме за основните принципи, но за да се случи тоа треба да разговараме. Јасно е дека 61 пратеник, се потпишаа за една работа, тоа е дека Владата на СДСМ и Зоран Заев нема кредибилитет и легитимитет. Сакам да имаме политичка влада која ќе има полн легитимитет“.

dui-vmro-dpmnehristijan mickoski

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во Општиот колективен договор

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 15:08

Прагот на толеранција за брзина на „Сејф сити“ ќе се намалува

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 14:55

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:1530/01/2026 - 14:21

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка

Горан Наумовски30/01/2026 - 10:54

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он28/01/2026 - 17:3628/01/2026 - 17:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен