Мицкоски: Нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието

Од:

Нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, смета премиерот Христијан Мицкоски. Во одговорот на новинарското прашање за утрешната интерпелација на Гаши, Мицкоски е дециден дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таква интерпелација.

– Апсолутно, нашиот став е јасен како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши. Ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека имаат голем број аргументи, зошто не ја поддржуваат интерпелацијата за претседателот на Собранието, Гаши.

– Затоа што разликата на водењето на Македонија меѓу оваа Влада и онаа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е огромна, односно тоа веќе и се чувствува и насекаде можете низ Македонија да забележите дека надежта кај граѓаните е дека конечно ќе успееме, дека доста се порази и дека конечно ќе почнеме да победуваме, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на првиот училиштен ден во ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски