Мицкоски: Нема ден без скандали и во новата година, потребни се промени, за да не ни се случуваат вакви бандитски криминални групи

Од:

Почетокот на новата година го оценувам како скандалозен, нема ден без скандали. Секој ден имате нов скандал кој кулминираше со она дивеење, на онаа бандитска криминална група која упадна во просториите на М-НАВ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска одговарајќи на новинарско прашање пред Соборниот храм во Скопје.

Мицкоски истакна дека партиското и октроирано обвинителство и судство овој случај го поминаа како небаре да станува збор за некој кој позајмил десетина ќебапчиња од ќебапчилница.

– Жалосно и трагично е, и затоа се потребни промени, да не ни се случуваат вакви бандити, односно ако ни се случат веднаш да бидат санкционирани и казнети, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител