Мицкоски нема да оди на прославата за годишнината од Рамковниот договор

Од:

Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар. Наместо тоа коалицијата на власт даде предност на криминалот, наместо соживотот, стои во соопштението од партијата.

Од таму порачуваат дека ниту партијата ниту претседателот Мицкоски нема да учествуваат во таквиот декор.

– Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори