Мицкоски: Нема да дозволам ново предавство и ќе ги бранам македонските национални интереси

Од:

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати јасна порака дека ново предавство врз Македонија и македонските граѓани, нема да биде дозволено.

„Сакам да потенцирам и нашиот народ да биде на чисто, дека нема да дозволиме да се случи ново предавство! Нема да дозволиме да се отстапи од македонските национални интереси и тоа е завет кој ВМРО го има во својот код. Јас сум само моментален функционер и претседател на оваа партија, кој презел одговорност да служи на својот народ и да ги решава проблемите, да го подобри животот на неговите сограѓани. Работам ден и ноќ за да ја реализирам таа цел’’, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека со сојузништво на општествените и политичките чинители во државата, ќе се преземат иницијативи и активности за да докажеме дека Македонија е тука и покрај се.

„Сакам да најавам и низа иницијативи и активности за кои ќе очекуваме сојузништво и заедништво со МАНУ, со партиите на етничките заедници во државава, со опозициската СДСМ, и другите кои сакаат да помогнат и да покажеме на светот дека сме тука и дека се уште стоиме! И покрај се! И после се! Ние сме тука! Стоиме силни, обединети заедно’’, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски