(ВИДЕО) Мицкоски: Не знаеме кои се можните решенија во врска со спорот со името, ниту како течат преговорите

Од:

По утринската литургија, претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека по традиција, години наназад тој овој ден го поминувал во Соборниот храм. Тој додава дека за него и неговото семејство ова е посебен ден и им го честиташе празникот на сите граѓаните на Македонија.

„Денес освен празникот Божиќ е и мој именден. Вчера, на Бадник, кршевме лепче со паричка и таа падна кај мене. Децата со учеството на Бадникарската поворка, ја искажуваат својата определба и верувањето во бога од најмали години. Мислам дека таквите деца можат само да се изградат во правилна личност која ќе ги почитува сите“, рече Мицкоски.

Мицкоски во врска со спорот со името, изјави дека до овој момент тие немаат информација за тоа како се одвиваат преговорите. Според него, на овој начин, тие не би можеле да коментираат било што, кое би било решение од премиерот Заев и Ципрас.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори