(ВИДЕО) Мицкоски: Не сум вршел притисок врз делегатите

Од:

Единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата дека вршел притисок врз делегатите. Тврди дека водел позитивна кампања и дека неговите поддржувачи ја презентирале неговата програма на легален и легитимен начин според статутот на партијата.

„Сите што ме познаваат како човек и како политичар, знаат дека тоа не е точно, не сум вршел притисок врз некого“ рече Мицкоски, пред почетокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека ги почитува членовите на партијата кои иницираа одложување на конгресот и формирање на колективно претседателство и рече дека ги смета за искусни политичари, чии капацитети можат да се искористат. Не ја отфрла можноста дел од нив да ги задржи во раководството, доколку биде избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали стравува од можни фракции во партијата, како резултат на незадоволство ако тој застане на чело на партијата, вели дека ВМРО-ДПМНЕ била и ќе остане обединета.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори