Мицкоски: Не прифаќаме уцени кои не оддалечуваат од европските вредности

Од:

Нашата држава чекори по европскиот пат со отворено срце и разум, со прифаќање на европските вредности, меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството. Тоа се вредностите што ги прифаќаме – сè друго е туѓо за ЕУ, и туѓо за нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со еврокомесарката за проширување, Марта Кос во рамки на лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст.

Мицкоски нагласи дека на Самитот, кој денеска се одржува во Скопје, Македонија влегува како држава со јасна насока.

-Нашите реформи не се декорација. Тие се потреба. И ние нема да чекаме некој да не’ турка. Ќе се движиме самите, со сопствената волја, со конкретен план и со јасна визија. Испорачуваме резултати, не затоа што тоа некој го бара од нас, туку затоа што тоа го заслужуваат нашите граѓани. Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот избор, нашиот пат, нашата определба. И затоа, благодарни сме за поддршката од Европската комисија, но уште повеќе сме решени сами да си помогнеме, да ги спроведеме реформите и да ја трансформираме државата, со инвестирање, со работа, со доверба во сопствените сили и со партнерство со ЕУ, нагласи Мицкоски.

Премиерот посочи дека денеска во Скопје се домаќини, но и партнери и сојузници на една заедничка визија, за регион што не се дефинира преку своите проблеми, туку преку своите можности.

-Визијата за Западен Балкан кој се приближува кон Европската Унија не со зборови, туку со дела, со реформи, со резултати, со интеграција што се чувствува во секојдневниот живот на граѓаните. Фактот што сме домаќини на овој лидерски самит е важна симболична потврда за нашата регионална и европска релевантност. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на политичкиот капитал кој го вложивме во стабилноста, реформите и конструктивниот пристап. Ова е признание за улогата што нашата држава ја има во градењето мостови и создавањето решенија, истакна Мицкоски.

Тој рече дека на денешните разговори се фокусирале на реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Нагласи дека за нас овој план не е формалност, туку алатка преку која ќе се трансформира државата.

-Ќе ги модернизираме јавните услуги, ќе го унапредиме образованието, ќе инвестираме во енергетска и дигитална инфраструктура. Ќе ја направиме државата вистински европска дома – пред да стане формално дел од ЕУ, додаде Мицкоски.

На новинарско прашање за тоа како и појаснил на Кос за доцнењата на три министерства со клучните реформи од реформската агенда, Мицкоски истакна дека не би рекол дека има доцнење ние сме над оној просек шкако држава шѓто го спонема комесарката од 75, ние сме некој процент над тоа со законите, кои се во моментот во Парламентот, и многу скорк денска тоа ќе биде завршени и ќе бидат ие обврски кои се преземени со планот за раст

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Мицкоски од Давос: За два ипол пати ќе порасне потреба од електрична енергија – Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

А1он

Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори