Мицкоски: Не очекувам да се променат работите со влезот на АА во Владата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не очекува влезот на Алијанса за Албанците (АА) во Владата да ги промени работите, туку, како што изјави денеска од Општина Петровец, истите ќе ги влоши.

– Се губи надежта кај граѓаните, дека може нешто да биде подобро. Дали АА ќе влезе или не тоа е претпоставувам одлука на раководството на АА, одлука на коалицијата СДСМ – ДУИ и за десетина месеци колку имаат пред нив и под услови да нема предвремени не очекувам нешто повеќе да се променат работите, туку ќе бидат се полоши, ќе имаме неколкумина побогати политичари, а народот буквално нема да добие ништо, рече Мицкоски.

Лидерот на партијата исто така нагласи дека доколку во новиот состав на Владата има 61 пратеник нема да има избори во мај.

– Кога зборував за избори во мај, зборував за последен период кога има логична оправданост пред граѓантие да се случат изборите. Ако организирате во есен, октомври или ноември, а неколку месеци потоа се претседателските, се поставува прашпањето дали е тоа одговорно однесување. Во услови на ваква криза Макеоднија не може да си дозволи два изборни круга. Логичен термин е мај, а дали ќе се случи ќе видиме кога ќе дојде предлогот на Ковачевски во Парламентот со новиот состав. Доколку има 61 пратеник кој ќе го изгласаат автоматски ќе значи дека ќе нема избори во мај. Доколку нема 61 пратеник веднаш потоа треба да се оди на предвремени. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени за избори на двата датуми, 14 и 21 мај. Доколку се направи пресметка што би значело тоа во денови, нема техничка влада сто дена, но ние сме подготвени и на тоа, нека има помалку денови техничка влада само да ги спасиме граѓаните, изјави Мицкоски.

Тоа што денес се случува, кажа тој, ќе го изедначам со една убава игра – шахот.

– Во шахот не е суштината да дадете шах, туку да дадете мат. Набргу од денеска ќе бидеме сведоци на еден таков мат кој ќе го добие оваа Влада на ДУИ поддржана од СДСМ засилена сега со неколкумина политичари кои гледаат да бидат побогати во наредните десет месеци на грбот на народот, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации