(ВИДЕО) Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.

Според Мицкоски, на ДУИ и е најмалку дојдено до јазикот или уставните судии, таа, како што рече, е исплашена за својот „криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години“.

– Тие не се навикнати да бидат подолго време во опозиција. Кога се малку во опозиција веднаш има одговорност и излегуваат на површина сите активности за кои постои основано сомневање, а кои се поврзани со криминал и криминалци, да ги дознае македонската јавност и затоа се уплашени. Најмалку им е дојдено до јазикот и до уставните судии. Тие се исплашени за својот криминално стекнат капитал и за основаните сомневања за криминалот што се случувал изминатите години, посебно последните две години, бидејќи на оној дивјачки, криминален начин како што го сменија Кривичниот законик, за жал, се амнестираа за криминалот од минатото и за жал, тука ние ништо не можеме. Дури и сега иницијативата што ја покренаа пред Уставниот суд, пред нивните уставни судии што тие ги бираа, дури и под услов Уставниот суд да рече дека ќе падне тој Кривичен законик, тие сепак се амнестирани за криминалите што ги правеа пред четири, пет, шест години, истакна премиерот, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата на ДУИ за интерпелација на уставните судии.

Како што оцени Мицкоски, кога се во прашање ДУИ, најмалку се работи за некакви права.

– Најмалку станува збор за какви било права, тие се исплашени за своите хациенди, скапите луксузни возила, трговските центри, дуќаните, за основаното сомневање за криминалот во ФИТР, во Министерството за економија,…, рече претседателот на Владата, кој денеска беше на поставувањето камен – темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации