ВИДЕО: Мицкоски не дојде да сведочи на рочиштето за „27 април“

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не дојде да сведочи ни на денешното рочиште за организаторите на 27 април. Тој по вторпат го одлага своето сведочење, поради како што кажа судот, приватни причини.

Мицкоски ќе биде повикан да сведочи на следното рочиште.

На денешното рочиште како предлог на обвинетите, ќе сведочи ексградоначалникот на Скопје и функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и претседателот на градскиот комитет на партијата, Владимир Неловски.

Од страна на вешто лице Мирослав Котевски, ќе биде презентиран и вешт наод за телефонските комуникации на обвинетите Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и осудениот Алекдандар Василевски-Нинџа.

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници