Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид рече дека ДКСК и Владата сега си ја префрлаат топката на одговорност околу аферата „Тајни имоти“.
„Зошто кријат имоти, тоа е вистинското прашање. Зошто ги кријат имотите и не ги пријавуваат ако тие имоти имаат потекло, се спечалени, купени на легален начин со работа инт. Зошто имаат потреба да ги кријат и да не ги пријавуваат? Тоа мене не ми е јасно“, рече Мицкоски.
„Па, сега прават некакви политички гимнастики, не сум јас виновен, ти си виновен, не е Владата, Антикорупциска е и сл. Ако навистина еве има чесна намера Владата и луѓето во Владата тогаш веднаш нека почнат со разрешување на овие повеќе од 120 функционери кои што во моментов кријат имот поголем од 30 милиони евра“, заклучи Мицкоски.