Мицкоски најави плати до 100.000 денари за универзитетските професори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција промовираше повеќе мерки кои ќе ги реализира ВМРО-ДПМНЕ во областа на образованието и културата доколку ја освои власта на изборите. Мицкоски најави дека платата на редовните универзитетски професори ќе достигне до 100.000 денари, како што рече со цел да се врати достоинството на оваа професија и да се задржат квалитетните кадри во високо-образовните инститиуции.

„Со нашата програма се обрзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања за универзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе се обезбеди до 100 илјади денари плата за редовните универзитетски професори, до 80 илјади денари плата за вонредни професори, до 60 илјади денари плата за доценти и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Квалитетното високо образование подразбира инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораторски ресурси, но и мотивиран кадар. Токму со оваа мерка ќе се стимулира квалитетот и мотивацијата на универзитетскиот наставен кадар, рече Мицкоски.

Тој најави и изградба на нови училишта, но и повисоки плати на професорите во основното и средно образование.

„Со нашата програма ќе имаме и обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта низ државата. Повеќе училишта за подобри услови и поквалитетно образовние. Новите 20 училишта и реконструкцијата на 50 постројни ширум државата ќе значи пристојни услови за работа и инвестирање во идните генерации. Голем дел од постојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора да се промени.Се обврзуваме и на повисоки плати на професорите и наставниците согласно Колективниот договор кој е важечки и кој оваа влада не го исполни, односно предвиденото зголемување кое го скрати. Со оглед дека состојбата на образованието е незадоволителна, неопходно е за оваа област, која е темел и столб на нашата иднина да се одвојат повеќе средства од буџетот. Покачувањата на стапката од 3.7% на 5% ќе овозможи спроведување на неопходните вистински, не само декларативни реформи во образованието“, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица