Мицкоски на средбата со Дуџак: На Македонија и е потребна поголема и побрза испорака на вакцини од КОВАКС механизмот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Росана Дуџак, резидентен координатор на Обединети нации во Република Македонија.

На средбата стана збор и за актуелните предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, како и економската и здравствена криза – информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата Мицкоски ја нагласи потребата од зголемена проактивна улога на Македонија во мултилатералното дејствување.- се вели во соопштението од партијата.

Мицкоски и Дуџак се осврнале на предизвиците поврзани со пандемијата КОВИД-19, при што Мицкоски истакна дека е крајно разочаран од слабата реализација на Владата во справувањето со корона кризата и обезбедувањето на навремен почеток на масовна вакцинација. Поради неспособноста на власта да обезбеди навреме вакцини против КОВИД-19, Македонија е последна не само во регионот туку пошироко со започнување на масовна имунизација.

Мицкоски исто така при средбата истакнал дека на Македонија и е потребна поголема и побрза испорака на вакцини од КОВАКС механизмот.

Мицкоски и Дуџак разговарале и за состојбите поврзани со Охридското езеро. Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за нудење на конкретни решенија за очигледните проблеми, но за жал изостанува вистинска волја како кај локалната така и централната власт.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски