Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

„Претседателот Мицкоски му се заблагодари на г. Памер за поддршката која Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите. Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период истакна претседателот. Воедно беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот кои ќе бидат високо на агендата на идната влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик