Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

Од:

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март, ќе присуствува на конгресот на Европската народна партија во Брисел, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму истакнуваат дека присуството на конгресот е потврда за цврстата определба на Република Македонија за европската интеграција, како и дека таа можност ќе се искористи за билатерални средби со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

Според најавата, Мицкоски со делегацијата, во чиј состав се партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, ќе присуствува на свеченоста на Европската народна партија, која во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината на ова политичко семејство, пет децении централна улога во изградбата на Европа, обликувајќи ја нејзината насока и бранејќи ги нејзините основни вредности.

– Присуството на премиерот Мицкоски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство. Оваа можност ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија., велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он