Мицкоски: Можно е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во прв круг да ги поддржат и кандидатите на ВРЕДИ во некои општини

Од:

Преговорите за соработка на претстојните локални избори и со ЗНАМ и со ВРЕДИ одат во добра насока, оцени денеска премиерот Кристијан Мицкоски. Најави дека со ЗНАМ ќе имаат посебни листи за советници, а онаму каде ќе имаат кандидат едните, другите нема да излезат со свој. Според него, можно е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во прв круг да ги поддржат и кандидатите на ВРЕДИ во некои општини, со цел да биде поразена ДУИ.

Тој нагласи дека што се однесува до ЗНАМ, имаат принципиелен договор дека тие одат со свои советнички листи, а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ќе оди со свои советнички листи.

-И во оние општини каде што ќе одлучиме да поддржиме кандидат, дали тоа ќе биде на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ, едините и другите нема да истакнуваат кандидат, ќе се поддржуваат меѓусебно. Мислам дека во конструктивна насока се водат преговорите и очекувам успех на тие преговори на крајот од преговарачкиот процес, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во уптреба на санираниот мост во Башино село, Велес.

Во врска со соработката во ВРЕДИ тој рече сека има можност уште во првиот круг да поддржат нивни кандидати во некои општини и оти ДУИ треба да биде поразена на овие избори и за замине во историјата.

-Во врска со соработката со коалицијата ВРЕДИ, или ВЛЕН, исто така очекувам да уште во првиот круг во одредени општини ги поддржиме кандидатите на оваа коалиција, затоа што силно веруваме дека политичката партија која што повеќе од 20 години остави споменици, како овој што е тука во Велес, и не направи ништо, не само за Велес, туку за цела Македонија, која што наместо да се занимава со вакви работи, примарно им беше да издаваат лиценци за марихуана, да отвораат казина, да купуваат трговски центри, скапи дуќани во центар на град, да формираат инстант фирми коишто добиваат државни тендери, да играат фудбалчиња по канцеларии, плукајќи му така на народот, мислам дека треба да биде поразена на овие избори, и конечно да замине во историјата на македонската политичка сцена, рече македонскиот премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски