Мицкоски: Многу од партиите кои се сега во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани.

Тој истакна дека очекува тие партии да ја прифатат програмата и платформата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Очекуваме да ја прифатат програмата и платформата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на една таква платформа и програма да ја вратиме Македонија онаму каде и е местото каква што сакавме да ја видиме во оние рани 90ти. Да биде победничка Македонија а не ваква опљачкана, понижена и напуштена Македонија“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар