(ВИДЕО) Мицкоски: Ме потценивте, ќе ве победам на купче со Заев

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор најави реформирање на партијата и им порача на пратениците кои гласаа за уставните измени, порачувајќи им дека ги свиткале кичмите за личен интерес и дека „ќе ги победи на купче со Заев“.

-Не само што се изгласа нешто што не беше одобрено од македонските граѓани, туку затоа што во тоа учествуваат седум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, потпомогнати од структури кои се ставија во функција на власта, следејќи го личниот интерес. Ни се случи црн петок, бевме сведоци на предавство на нашата татковина, во која учествуваа наши браќа и сестри. Тивко и пеколна беше за мене таа вечер, мачно во нашиот штаб, во македонските домови. Сакам денес пред целата јавност директно да се обратам до оние кои паднаа и дезертираа, рече Мицкоски.

Тој изјави дека покрај предавството ги заболело што ги виделе со потсвиткана кичма.

– Не подвиткана како на Заев, но од петок и вашите кичми се подвиткани. Не издржаа вашите кичми, иако знаевте дека сите патриоти од 27 април се тотално невини. Колку и да се замислувате и самоубедувате дека не потклекнавте, дека сте биле со визија а ние не ја разбираме политиката, ќе остане фактот дека со кренатата рака само ја свикавте кичмата. Кога гледав како еден по еден кревавте рака, имавме пеколна болка. Направивте неприроден потег со тоа дигање рака, затоа и колку да се трудите нема да можете да погледете на народот во очи, ги повредивте нивните души. Ме изневеривте, мене, ВМРО-ДПМНЕ, а најважно од се, вашата татковина Република Македонија, рече Мицкоски.

Како што кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пратениците го изневериле секој член кој макотрпно работел за тие да постигнат успех.

– Зарем е чесно да имате исти зборови како оние од СДСМ, на Бихаќка ли ви ги пишуваат говорите? Како чекорите кога ве чуваат оние кои до вчера ве апсеа? Зошто не издржавте, само малку фалеше. Заев беше говов, вие само за малку му ја продолживте политичката агонија. Да издржевте ќе одевме на избори, и ќе го победевме злото, Зоран Заев. Нели сфативте дека беше готов, дека бегаше од избори? Вашиот допинг кратко ќе му трае. Ќе одевме на избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победеше, ќе ја ослободевме државата од Заев, Шекеринска, Вице и Анѓушев. Вечно ќе патам за пропуштениот момент, вие кои не изневеривте не ни дадовте шанса да го победиме Заев на избори. Но стојам овде и ве гледам и ви порачувам – нема очајување, сега избега, но нема да може да бега вечно. Ќе го поразиме Заев, а ќе ве поразиме и вас, погледнете во историјата и така ќе биде. Ме потценивте, затоа ќе ве победиме и тоа на купче заедно, рече Мицкоски.

Тој повика на акција и окрупнување на партијата.

-Имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта, но и од наши редови кои влегоа со лични аранжмани. Кога ги гледам оние точки и барања со кои ќе ги подобреле уставните измени само ми ја зголемуваат тагата. Не се залажувајте , знаеме дека се работи за вашиот личен интерес и не можам да го толерирам тоа што се случува. Власта сака да донесе селективна правда која е неправда.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

СИРИЗА за изјавата на Мицкоски: Го осудуваме новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Совет на јавни обвинители, наша цел е комплетна автономија на правниот систем без влијание од политика