Мицкоски: Лага е дека ќе се активира рудникот „Казандол“

Од:

Не е вистина дека повторно ќе се активира рудникот „Казандол“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во увид на работите на новиот погон во кочански „Анфенол“.

– Сопствениците на инвестицијата во „Казандол“ го изгубија спорот и побарувањето од 115 милиони евра оштета. Тоа значи дека тие веќе немаат концесија. Не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот. Тоа е веќе конструкција и обид за манипулација од одредени кругови кои што не и мислат добро на Македонија и на граѓаните во Македонија, рече Мицкоски.

Премиерот притоа кажа дека ова е втора арбитража којашто оваа Влада ја добива и оти се очекуваат барем уште две во периодов што следи. За него, вистинското прашање е како во минатото било пракса да се губат арбитражите и како сега наеднаш арбитражите се добиваат во полза на државата.

-Треба тоа да се истражи. Да, ние направивме одредени промени во адвокатскиот тим, но некако симптоматично е како во минатото се губеа сите арбитражи како по правило, а сега ги добиваме. Во случајов станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра. Толку беше тужбеното барање на спротивната страна која што беше побарување од тужениот, тоа беше Македонија. Причина да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на Владата за формирање на рудникот „Казандол“, рече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица