Мицкоски: „Кртови“ ќе се појавуваат уште некое време, но ќе бидат пронајдени и ќе одговараат

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали полициските акции што беа спроведени викендот се спорведени во целост и дали се појавиле „кртови“ рече дека такво нешто ќе има уште некое време, но оти ќе бидат пронајдени и ќе одговараат.

– Кртови ќе се појавуваат уште некое време сè додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со институциите на претходната Влада, претходната коалиција. Но, тие кртови ќе бидат пронајдени и извадени од дупките од коишто се кријат и како глувци ќе одговараат, изјави Мицкоски, по денешното отворање на комплетно реновираниот прв кат и на Kлиниката за психијатрија.

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера потврди дека завчера било приведено едно службено лице со кое бил извршен службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање службена тајна“, во врска со полициските акции месецов.

Би можело да ве интересира

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски