Мицкоски: Криминалците од Арачиново се шерифи во овој град зошто добиваат заштита од МВР

Од:

Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кои возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Бутел.

-Мислам дека е добро да се почне од почеток, да се направи една ретроспектива од снимените разговори на обвинители и судии кои што завршија во депото на МВР, а никој до ден денеска не понесе одговорност како тоа обвинители и судии се снимени, па да завршиме со ова последно дивеење на една криминална банда за која што сите ние знаеме дека функционира на територијата на општина Арачиново и кои што се однесуваат како газди во овој град. МВР поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда е немоќно да им се спротивстави и тие луѓе кои што, зборувам за полицајците кои што се нашле во една непријатна ситуација можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална нарко-банда за која цело Скопје знае, а никој за жал до сега не им застана на патот, затоа што се ортаци со нив. Ќе ја разгледаме и можноста за интерпелација на министерот Спасовски, рече Мицкоски.

Мицкоски во врска со ова укажа дека поради сето ова коа се случува во државата се потребни избори.

-Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кои возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија. Зошто не ги уапсат? Еве оставаме државата односно министерството да си го заврши она за што е надлежно, ние не сме ниту министерство за внатрешни работи, ниту судии, ниту обвинители. Ако видиме дека и понатаму продолжуваат, нормално е дека ние ќе ги објавиме, но со објавување ние ќе влеземе во чевлите на воајерски пристап во политиката. Нас ни требаат дела, конечно нешто да се направи, не само да зборуваме, ние ќе зборуваме, еве ќе зборуваме, ние ги немаме институциите, затоа велиме дајте да идеме на избори, да ги имаме институциите, да видите тогаш како се постапува, додаде Мицкоски.

Министерството за внатрешни работи демантираше дека имало закани или напад на полицајци во Арачиново.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

Средба Мицкоски – Зеленски во Минхен: Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба

А1он

Мицкоски од Минхен: Пораките на Рубио се јасен сигнал – светот веќе не функционира по старите правила

А1он

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е посветена на европскиот пат, но без билатерални условувања

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он