Мицкоски: Кога останувате дома, дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина

Од:

„За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите кандидати во две општини веќе се откажаа, со што трката во вториот круг веќе е извесна и таму. А од останатите 24 очекувам во сите 24 општина да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат градоначалници во своите општини, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Македонска Каменица.

Мицкоски ги повика граѓаните на цела Македонија, да излезат да гласаат и на вториот круг во недела и тоа уште помасовно, затоа што со останувањето дома се дозволува некој друг да одлучува за иднината.

„Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани коишто излегоа и гласаа во првиот круг и да ја искористам оваа прилика да ги повикам да излезат и да гласаат во вториот круг. Гледаме дека има наши граѓани коишто, можеби, со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од земјите во западна Европа за да гласаат во општини како што се Брвеница и Кичево и така натаму. А, гледаме дека одредени наши сограѓани остануваат дома мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков револт, пркос или ќе испратат некаква порака, која во суштина нема да биде препознаена, бидејќи кога останувате дома дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина. Затоа мојата порака и мојата замолница до оние коишто сè уште се двоумат дали да излезат во овој втор изборен круг, е да излезат масовно и, нормално, да го заокружат бројот 9 за Димче, за идниот градоначалник на Македонска Каменица“, повика Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски