Мицкоски ќе учествува на лидерската средба за името по Велигден

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека премиерот Зоран Заев и неговата партија се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името со Грција, но потврди дека ќе учествува на лидерската средба во врска со ова прашање по Велигден.

– Ќе имаме лидерска средба после Велигден и претпоставувам дека на таа средба ќе не информираат како течат преговорите. Но, она што повторно го прави егзибиционистички целиот процес е оној документ кој што Коѕијас го донесе во Македонија на 20 страни. Потоа СДСМ така брзоплето им врати документ на пет страни и тоа го разбрав од медиумите, кажа Мицкоски.

Мицкоски изјави дека смета дека обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27-ми април во Собранието е премногу конфузно и нејасно.

– Излезе Јавниот обвинител и го образложи обвинението. Но она што загрижува во целиот тој процес, а бевме сведоци на вашата телевизија на емисијата „Код“ каде што беше цитирана изјавата на тогашниот министер за внатрешни работи Нухиу, каде што тој, иако има златна команда ништо не презема. Второ, има индиции дека во истиот тој момент додека траат случувањата во Собранието имаме групирање на терористичка вооружена група во општина Чаир и во неколку други места во Република Македонија, рече Мицкоски.

Зошто, праша тој, изјавата на Нухиу не е дел од обвинението и зошто Јавниот обвинител посериозно не се заинтересирал да ја истражи. Дополнително загрижува, според Мицкоски, што МВР не покренало истрага за тоа кои се вооружените лица кои се групирале за време на овие настани и зошто Нухиу не ги преземал потребните процедури за да се спречи тоа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат