Мицкоски: Кампањата на СДСМ покажува тие се борат за заштита на корупцијата, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Кисела вода, кој е во рамки на изборната кампања, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Мицкоски зборуваше за опозициската СДСМ, чиј лидер немо повторува зборови, а и водат црна кампања во предизборниот период.

,,Досегашната кампања недвосмислено покажува дека нашите противници се борат за своите кариери, а ние се бориме да изградиме и направиме повеќе за секој еден човек“, вели Мицкоски.

,,Нивната главна кампања се темели на слоганот: „Се бориме за нашиот дом.“ И нема ништо изненадувачки во тоа. Потсвеста им работи дури и во слоганите не можат да ја сокријат својата природа. Токму така се борат за нивниот дом. Но за кој дом? За оние хациенди на Халкидики, во Дубаи, или пак можеби оние скапи јахти кои што ги гледавме како гордо ги возат на егејското крајбрежје. Да не мислите дека ќе се борат за вашиот дом, домот на граѓаните? Не, тоа од СДСМ ни под разно нема да го слушнеме“, рече Мицкоски и додаде:

,,Тие се борат за нивниот дом, за удобностите во кои уживаат со децении, да си ги задржат. Се борат за заштита на корупцијата, за заштита на мафијашите, за заштита на Артан, Зечевиќ, Ковачевски, Маричиќ, Спасовски, Николовски, Бектеши. Се борат за да се врати времето на дилови, тендери, бизниси и дивеење. Најдобро ќе беше да кажат: „Се бориме за нашиот живот.“ Пошто, нели, живот ветуваа, живот за сите, сега ги слушам среќа за сите ветуваат“.

,,Останаа нереформирани и ги збија редовите со корумпирани кадри, мислејќи дека така уште еднаш ќе го измамат народот. Тешко на СДСМ што нивната главна кампања ја води нивниот гуру во сенка, а Венко само немо ги повторува речениците, тезите и фразите кои што неговиот гуру му ги ставил на маса. Додека ние на избори пред вас излегуваме со понуда, нивната понуда се напади и клевети, црна кампања, сечени и монтирани видео клипови. Тоа е денешното СДСМ. И така тие мислат дека ќе го привлечат вниманието, а не знаат дека на тој начин само одбиваат луѓе од себе“, заклучи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Мицкоски: Ја зацврстуваме меѓународната позиција и го креваме економскиот стандард

Горан Наумовски

Мицкоски: Трендафилов е прокси на опозицијата, протестите на ССМ имаат политичка заднина

Горан Наумовски