Мицкоски: Има центри на моќ кои сакаат Македонија да биде поразена и да не напредува

Од:

Состојбата е под контрола. Граѓаните треба да бидат мирни, спокојни и институциите секогаш кога се пред предизвик се организираат екстремно брзо, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со пожарите и тврдењата за постоење индиции за хибридни напади.

– Има индиции. Имаме основано сомнение кој може да биде инспиратор за сето ова што се случуваше. Исклучително сум задоволен што за многу кратко време институциите во координирана акција успеаја да го совладаат предизвикот и денеска можам да кажам дека состојбата во Дрисла, Вардариште и Трубарево е нормална и нема чадење, што се случуваше изминатите години, истакна Мицкоски.

Прашан од каде се центрите за моќ, Мицкоски рече дека не сака да коментира конкретно географски и додаде дека она што го кажува го кажува врз основа на информациите со кои располага и основаните сомневања со кои располагаат како Влада.

– Што се однесува за дома, веќе имаме група од 20 тина лица која е под мониторинг и за која постои сомневање дека девијантно се однесувала во изминатиот период. Оставам на органите на прогонот да си ја завршат својата домашна задача, рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека има центри на моќ кои сакаат Македонија да биде поразена и да не напредува.

– Центрите на моќ се тие кои не сакаат Македонија да биде успешна земја, кои не сакаат да имаме стабилна состојба во Македонија, која ќе се развива, која ќе ниже успеси, ќе расте економски, ќе владее правото, ќе нема корупција и криминал, како тоа што се случуваше изминатите 15 години. Тие сакааат да ја видат онаа Македонија од пред седум години, понижена, ограбена, засрамена, со политичари кои се моделираат, со свиткани кичми. Тоа се тие центри на моќ – рече премиерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски