Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база програма со програма, тој принцип не го менуваме

Од:

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека по изборите се можни разговори за коалицирање со сите политички партии, но според принципот  програма со програма, којшто, како што рече, не планираат да го менуваат.

„Животот не е игра, во животот има принципи кои ако еднаш се прекршат тогаш веќе не се принципи. И во име на тоа можам да ви кажам дека политиките што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднаш е прекршен во едно ТВ  интервју веќе кажавме дека идната коалиција ќе биде на база на програма со програма и тој принцип не го менуваме“,  рече Мицкоски, коментирајќи ја можноста за коалицирање со Демократската унија за интеграција (ДУИ) од каде што пак најавуваат коалицирање на на партиите што ќе бидат победници во македонскиот и во албанскиот политички блок.

За коалицирање, истакнува Мицкоски, доаѓа во предвид секој оној чијашто  политичка програма ќе биде компатибилна со програмата на ВМРО-ДПМНЕ за којашто ќе се согласат на принципиелна основа и така  ќе функционираат следните четири горидини.

„Ако во еден оркестар свирите на различни ноти, тогаш логично е дека оркестарот нема да биде допадлив за ушите на слушателите. Затоа велам, ако тие програми без оглед на која политичка партија се, допрат со програмите на ВМРО и обратно, не треба тоа да биде еднонасочна улица, сите политички партии доаѓаат во предвид, вклучително и ДУИ“, прецизираше Мицкоски.

Размислуваат, наведе, да освојат 61 пратеник на 12 април, според нивните анализи се многу блиску до таа бројка. А веднаш по завршување на избороте, вели, се возможни разговори со сите политички чинители во државата вклучително и со новата коалиција меѓу Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Според Мицкоски, како ќе заврши случајот „Рекет“ не зависи од политичарите, туку од судството и обвинителите. Забележува дека никој во државата не се одважил да го повика доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев да даде исказ што се случувало.

„На целата јавност и е јасно дека Зоран Заев и Катица Јанева другарувале во минатото и оти нивните потези се резултат на тоа другарство. Зошто тоа другарство и на кој начин престанало претпоставувам дека е една од причините е и случајот „Рекет“. Од друга старана Заев другарувал и со сопственикот на медиумот, односно бил толку непосреден  со него што дури го советувал и  прашувал од каде му средства  да го финансира медиумот.  Бил свесен за активностите на Меѓународниот сојуз којшто работел со локални бизнисмени во државата, а не гледам дека Заев е повикан во случајот  Рекет 2 да сведочи за тој Меѓународен сојуз за да на крај и самиот признае дека ја помагале телевизијата на начин на којшто ја помалаге во тие месеци.Никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало“, рече Мицкоски во коментар на последната разврска на судскиот процес за „Рекет“.

Како што дополни, јасно се гледа контурата на главата на октоподот за што тој нема дилема кој. Видовме, рече Мицкоски, дека дури и оние лица кои располагале  со ПИ мерките кога виделе каде се упатува Јанева престанале да снимаат.

„ Видовме оние кои го снимале веќе осудениот Зоран Милевски кога оди на средба кога виделе со кого ќе се сретне престанале  да снимаат. Така што, очигледно ова е семејна професија, како понатаму ќе заврши овој случај не  е до нас политичарите, туку до судството и обвинителсвото. Ако заврши како што треба јасно се знае каков треба да биде епилогот,  а ако не нема да бидеме на 106.место на листата на Транспаренси интернешнл , туку на 160“, рече Мицкоски.

Во коментар на најавите за префрлање на вработени од јавен во приватен сектор нагалси дека не соодветствува.

Би можело да ве интересира

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик

Каевски: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска