Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево имал средба со претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари, дел од изборната коалиција „Вреди“.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат средбата, наведувајќи дека на неа се разговарало за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.

Средбата на Мицкоски и Таравари се случува само на два дена пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Таравари беше еден од седуммината кандидати за претседател, но не влезе во вториот круг на изборите. Тој во првиот круг освои 83.337 гласови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви