Мицкоски: Гордана Силјановска-Давкова ќе биде поддржана со потписи од пратениците и од граѓаните

Од:

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пред Државната изборна комисија ќе биде предложена со потписи од пратениците, но и со потписи од граѓаните, најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

За време на денешниот престој во Битола, Мицкоски ги повика битолчани на 3 март масовно да се вклучат во поддршката со потписи за Силјановска-Давкова.

– Следната сабота ќе имаме конвенција за избор, јас би рекол, на идниот претседател на Македонија, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова. Бидејќи законскиот услов е кандидатурата да се поднесе на два начина, односно собирање граѓански потписи или со доставување предлог со потписи од пратеници, којшто ние го исполнуваме, јас сакам, бидејќи сега гледам некои собираат потписи од опозицијата на опозицијата и да глумат опозиција на опозицијата за што ќе добијат потписи од СДСМ и ДУИ, да ги замолам битолчани на 3 март, следната недела заеднички да собереме рекорден број потписи за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова. Поддршката со потписи на пратениците, заедно со потписите од граѓаните ќе ги приложиме во Државната изборна комисија за идниот претседател на Македонија, а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Горан Наумовски

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он