Мицкоски: Единствено што многу јасно се гледа од Месечината е Кинескиот ѕид и новите предвремени парламентарни избори

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека има придвижувања во однос на зголемувањето на бројот на нивните пратеници во Собранието, но од медиумите побара трпение потенцирајќи дека тоа „многу брзо ќе се знае“.

– Бидете трпеливи. Го кажав тоа и во моите изјави пред неколку недели. Бидете трпеливи. Многу брзо ќе знаеме дали јас сум бил во право или Зоран Заев. Можеби има политички партии што се дел од коалицијата со СДСМ. Не би сакал сега во моментов да зборувам работи за коишто е потребно, верувајте, голема дискреција за да може целта да биде остварена, а целта е оваа Влада да падне, изјави Мицкоски, кој денеска беше во посета на Зелениот пазар во центарот на Скопје заедно со неколку партиски функционери.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека за нив е битно што поскоро оваа Влада да падне, а потоа „да следи одговорност за се тоа што е сторено овие четири години“.

Коментирајќи ја изјавата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за барањето на опозицијата за предвремени избори, Мицскоски со став дека „не знае дали може воопшто да му се верува на Заев“.

– Четврта година по ред ние слушаме само лаги и многу криминал во Македонија. Единствено многу јасно што се гледа од Месечината е Кинескиот ѕид и нови предвремени парламентарни избори, нова влада и одговорност за оваа Влада, која го покраде народот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Туск за кризата во Полска ја обвини опозицијата, но и „руските ботови“

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски