Мицкоски доби поддршка од партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставниците на партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“ кои, како што соопшти партијата, му дале поддршка за натамошните чекори по синоќешната објава за новото парламентарно мнозинство.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата ги повторил опциите – или формирање влада со сериозен кредибилитет или организирање брзи, предвремени парламентарни избори.

-Претседателот Мицкоски кажа дека во наредниот период ќе се обиде да формира влада доколку постои сигурност дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет, влада со силни институции, кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и промените кои треба да следат. Доколку не се постигне обезбедување целосна ефикасност на таквата влада со цел справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, единствено правилно решение се брзи предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението и се додава дека клучни приоритети за државата и за партиите кои се дел од коалицијата „За обнова на Македонија“ се реформите на системот, борбата против криминалот и корупцијата, ефикасност на институциите, европската иднина на државата и сеопшто економско – општествен развој.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија